
Модните додатоци станаа интересни и за мажите, а тоа особено го препознаваме кај машките торби како моден тренд. Во разновидни бои, форми и поради различни намени, мажите се одлучуваат за секојдневните торби…
Долго време, торбите беа моден додаток без кој не можеа да се замислат жените, но денес тие се секојдневен аксесоар на мажите кои ја следат модата и кои сакаат да изгледаат убаво. Машките торби се особено интересни бидејќи имаат ефект на додавање вредност на постоечката елеганција. Тие се идеални за работни пригоди, но и за вечерен стил.
Исто така, практични се. Ако некогаш мажите ги бараа своите мобилни телефони, паричници и клучеви во џебовите на палтото и пантолоните, денес овие работи можат да ги стават во торбите каде се сигурни.
Изборот на машки торби е голем. Студентите се одлучуваат за ранци, но тие не можат да ги носат во сите прилики поради што нивната намена е ограничена. За мажите со опуштен спортски стил, особено актуелни се “педерките” бидејќи се мали, практични, со патенти и за повеќе пригоди.
Деловните мажи, ги преферираат актовките кои ги има во огромен избор. Достапни се класичните, но и оние кои се носат преку рамо. Практични се и модерни.
Сѐ поголема популарност поседуваат малите патните торби кои се замена за големите куфери. Тие поседуваат специфичен дизајн, изгледаат како спортски торби кои се направена од кожа. Формата може да биде помала и поголема, двете идеални за мажи кои често се дел од бизнис патувањата.
Поседувањето на торба како моден тренд, говори многу за машкиот стил. Без оглед на изборот, машките торби се идеално решение за сите пригоди.