
Делчево добива ново урбано место за забава – вечерва се отвора Club cafe I SAM ZNAEŠ …Од вечерва Делчево ќе биде побогато за уште едно место за забава. Се отвора ново Club cafe I SAM ZNAEŠ кое како што изјавуваат од таму ќе биде поразлично од другите места за забава.
“За отворањето на CLUB CAFE I SAM ZNAEŠ ќе биде задолжен добро познатиот TYZEE. Вечерва сите на подиум да започнеме нова ера на урбанизам и ренесанса. Почитувани гости, бидете подготвени за најдоброто со незаменливи изведувачи во нов ентериер…”- ни изјавија одговорните.
Покрај TYZEE за добрата забава да биде уште подобра ќе се погрижат и нашите добро познати и веќе докажани момци DJ THE JOKERS.
Ние им ја дадовме подршката и им посакуваме многу успеси и добри забави, а на вас останува да бидете таму и да не пропуштате. Подржете ги на Фејсбук фан страната и бидете во тек со сите новости и активности на I SAM ZNAEŠ.
Бидете дел од отворањето на I SAM ZNAEŠ едно поинакво место во градот и забавувајте се како никогаш до сега.