Денеска на социјално загрозените граѓани ќе им биде донирана разновидна стока која Царината ја одзела на граничните премини во прекршочна и во кривична постапка…

carina

Царинската управа 72.000 парчиња на разновидна стока и’ ја предаде на Агенцијата за управување со одземен имот која пак, му ја отстапува Министерството за труд и социјална политика.

Како што информираше денеска директорот на Агенцијата Башким Амети, се работи за околу 3.000 парчиња текстил, околу 2.500 обувки и други видови стока, како прибор и апарати за домаќинство, играчки… кои граѓаните ќе може да ги добиваат од денеска заклучно до 10-ти јануари 2014.

Првпат во оваа акција фалсификувани брендови облека и обувки се донираат наместо да се уништуваат, откако претходно е отстранет лажниот знак на производителот.