
25 годишно девојче, граѓанин на САД, го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа неколку часови по нејзина објава во социјалните мрежи за нов автомобил.
Девојката на својот инстаграм профил, истиот ден објавил фотографии и се пофалила со својот нов автомобил. На фотографијата напишала: 2020 е супер година, ќе ја прославам со возење на автопатот.
Малку подоцна полицијата соопштила за тешка несреќа на автопатот во која животот го загубиле девојка на 25 години и нејзиниот партнер, момче на 35 години. Во сообраќајката учествувало и друго возило а патниците од него останеле живи и биле пренесени до најблиската болница.
25 годишната Васкес, која била мајка, требала да се јави во судот два дена подоцна, бидејќи пред месец дена била запрена од полиција бидејќи возела автомобил под дејство на алкохол.