
Сигурно сте ја слушнале поговорката: „Едно јабоко дневно го држи докторот далеку од вашиот дом“. И тоа не вреди само за јаболката, туку и за другото овошје…
Меѓутоа, сигурно сте се запрашале дали е тоа точно? Тоа навистина е точно, но многумина од нас не разбираат дека овошните плодови кога се јадат после оброкот предизвикуваат проблеми во варењето.
Се препорачува овошјето да се јаде 20-30 минути пред оброкот. Главна причина за тоа е што плодовите содржат шеќер и поради тоа им треба многу време да се растворат и сварат. Освен тоа, доколку јадете овошје по оброкот, ги губите хранливите состојки од овошјето. Поради тоа секогаш се препорачува да консумирате овошје неколку минути пред оброкот.
Во многу култури овошјето се јаде по оброкот, но тој тренд треба да се промени.
1. Јадете овошје 20 до 30 минути по оброкот. Ако сакате да јадете овошје по оброкот, тогаш почекајте три часа (откако ќе се свари храната). Доколку јадете овошје пред јадењето, можете да ја намалите вашата тежина, бидејќи ќе се чувствувате сити.
2. Бидејќи нашето тело не добива храна во текот на осум до девет часови сон, се препорачува да го вклучите овошјето секое утро во својата исхрана (пред појадок). Тоа помага да го зголемите нивото на шеќер во крвта.
3. Избегнувајте да јадете овошје како прилог со оброкот. Исто така консумирање овошје како десерт не дава најдобри резултати за телото, бидејќи плодовите се сечкани и помешани со шеќер.
4. Избегнувајте конзервирано, смрзнато овошје, или овошје кое е обработено. Тие плодови имаат висока содржина на шеќер, конзерванси или други хемиски додатоци кои можат да бидат штетни за телото. Тие не се сметаат за здраво овошје.
5. Консумирајте здрави плодови секое утро на празен желудник (пред појадок). Тоа му помага на телото да ги апсорбира сите потребни и битни елементи кои се наоѓаат во овошјето.