Ако сте едни од оние на кои секси авантурите им се составен дел од патувањата, прочитајте ги чудните закони поврзани со сексот во неко држави…

sex_on_the_beach_by_dannybaezdejesus-d36r8nkВо Обединетите Арапски Емирати може да завршите зад решетки поради било каков физички контакт. За бакнеж во образ е предвидена затворска казна во траење од десет дена, а за оние кои ќе го направат овој престап со неколку промоили алкохол во крвта, може да одлежат затворска казна и до година дена. Истотака препорачливо е да се избегнуваат авантури со мажени жени во Уругвај.

Доколку таму ве уловат со мажена жена во кревет, мажот има целосно право да убие еден од вас или двајцата, а легално е да се кастрира прељубникот. Како и насекаде во светот и во американската држава Јута е забрането да се венчате со некој со кој сте во крвно сродство. Сепак според законот во оваа земја, ваквиот брак е дозволен кога ќе наполните 65 години или барем 55 години и доколку докажете дека и двајцата сте неплодни.

Во спротивно, брако ќе биде прогласен за неважечки.Ако сакате секс на плажа во Шпанија, подобро е само да се држите до познатиот коктел „Sex on the beach“. За вистински секс на плажа, ќе платите казна од 75.000 долари доколку ве фатат на лице место како водите љубов.

Во Тексас е забрането да поседувате повеќе од шест дилда. Фиока полна со секси помагала може да ве чини казна од 40.000 долари, а постои и можност од затворска казна од година дена. Во Лондон е забранет секс на паркиран мотоцикл. Истотака никако  во лондонски паб не прашувајте за секс кај непознати жени , бидејќи би можеле да платите казна од 250 долари.

Панталоните со низок струк кои го откриваат горниот дел од долната облека може да ви делуваат секси, но ако така се облечете во Флинт, Мичиген, ви се заканува казна од 500 долари и три месеци затвор.

Фотографирањето на задници во Шведска е речиси еднакво на смртен грев и за тоа ќе платите висока парична казна, но затоа пак може без проблеми да шетате топлес.

Во Калифорнија е илегално еден од партнерите да доживее оргазам пред другиот, за време на предиграта, што е добар изговор да ја пресконете предиграта и да поминете на главното. Ако сакате секс со вклучени светла не одете во Будимпешта. Таму сексот дури и во  сопствената куќа е дозволен само во мрак.

Ако полиција во Вирџинија, САД ве фатат дека го изневерувате партнерот ќе платите казна од 250 долари. Во Арканзас, САД, внимателно избирајте ги зборовите со кои се додворувате некому, а ласцивните шеги задржете ги за себе да не завршите цел месец во затвор.

Извор: Plusinfo.mk