
Паметните телефони се толку паметни што можат да нè шпионираат дури и кога не ги користиме, доволно е само да се во наша близина.
Cracked пронајде дури четири начини според кои паметните телефони можат да ја загрозат нашата безбедност…
Денес не правиме ништо без паметните телефони, тие толку цврсто се вкоренети во нашите животи што постојано ги носиме со нас во рацете, чантите, џебовите. На кои начини тие можат да нè шпионираат?
1. Паметните телефони „чувствуваат“ што пишуваме
Каде го оставате телефонот кога сте на компјутер? Најчесто на бирото, покрај компјутерот, за да ви биде на дофат. Истражувачите од Универзитетот Џорџија Тек докажале дека со помош на вистинска програма вашиот паметен телефон може да ги „почувствува“ вибрациите што ги произведувате додека работите на тастатурата на компјутерот, а во 80 отсто од случаите можат да ги преведат во зборови и бројки.
На тој начин паметниот телефон може да се претвори во шпион кој ги бележи лозинките, разговорите, имејл пораките, без директно пишување на неговиот екран.
Се разбира дека алгоритамот што стои зад ова е многу комплициран и веројатно нема да дојде до рацете на хакери, но можноста сепак постои.
2. Паметните телефони ги „крадат“ податоците од картичка
„Шпионски“ настроените паметни телефони освен што можат да следат што пишувате на компјутер, тие можат да ги украдат податоците од вашата кредитна картичка.
Со развојот на NFC технологијата, се развија и кредитни картички кои не бараат физичко минување низ читач, туку доволно е само да се доближат до NFC уред.
Новите модели на паметни телефони се опремени со NFC испраќач и приемник со цел поедноставно да се поделат и примат документите без комплицирано поврзување со друг уред.
Еди Ли, експерт за безбедност, во 2012 година успешно докажа можност за „симнување“ податоци од картичка преку паметен телефон и NFC, а потоа објави апликација со која тоа го докажа на интернет. Освен што апликацијата може да ги украде податоците, може да ги испрати на друг мобилен телефон и на тој начин да овозможи некој друг да купува на ваша сметка.
3.Лажни полначи
Секој се нашол во ситуација во која батеријата на мобилниот телефон се испразнила во момент кога тој ни е најмногу потребен. Во некои кафулиња во светот се нудат различни полначи со кои посетителите бесплатно можат да се послужат. Си пиете кафе и истовремено го полните телефонот.
Додека вие мислите дека ја полните батеријата, „лажниот“ полнач го полни и со програма која може да ги украде вашите податоци или веќе ги краде.
За да ги избегнете, носете си секогаш сопствен полнач или резервна батерија.
4. „Шпионирање“ во 3D техника
Ако ова досега ви звучи страшно, последниот начин на шпионирање е полош од претходните. Благодарение на забавната апликација PlaceRaider, некој хакер може во било кој момент да направи фотографија со помош на вашиот мобилен телефон и да ја испрати на централен сервер на анализа.
Неколку фотографии и апликации можат да направат 3D приказ на вашиот стан, автомобил или вашата канцеларија. Може да ве фотографира додека го пишувате ПИН-от на банкомат или шифрата за имејл.
Апликацијата е развиена од војската на САД, а со неа без проблеми може да се фотографира светот наоколу.
Извор: GSM.mk