Уште еден нов ден, уште едно ново лудило кога „селфи“ треската е во прашање, иако многумиа се надеваат дека токму овој нов тренд нема долго да трае, пишува ” Daily Mail” …

article-2585163-1C70319800000578-504_306x614

„Селфи со селотејп“ почнал да се појавува на Фјесбук, а фотографиите покажуваат илјадници луѓе кои ја облепиле главата со селотејп за да изгледаат гротескно.

Покрај поставувањето на фотографијата на Фејсбук можно е и да номинирате пријател да учествува во предизвикот.

Фејсбук страницата која ги промовира овие „селотејп селфи“ многу брзо станала мошне популарна и за само неколку дена собрала повеќе од 50.000 фанови, а сето тоа го осмислила 21-годишната Лизи Дарли.

– Идејата ја добив гледајќи филм со Џим Кери. Имав лош ден и тогаш се присетив на сцената од филмот „Yes Man“ која отсекогаш ми била смешна. Помислив дека на луѓето досега им здодеале постоечките „селфи“ трендови така што одлучив да покренам сосема нов – изјавила Лизи.