
За кучето Фреди од Велика Британија се верува дека е најголемо во таа земја…
Неговата сопственичка Клер Стоунмен (38) твди дека осумнаесетмесечниот Фреди, кога ќе се исправи на задните нозе, е висок дури 2.24 метри, а тежи дури 70 килограми.
Сè уште не е направено официјално мерење кое би го ставило во Гинисовата книга на рекорди.
Клер вели дека Фреди понекогаш е многу палав и немирен, па така пие вода од лавабото или ја гризе софата, но дека сето тоа нејзе не ѝ пречи, бидејќи на Фреди и на неговата сестра Флер гледа како на свои деца и не ѝ пречи што нивната храна многу чини.
Извор: Plusinfo.mk