Успешно продолжува соработката на ООУ Св.Климент Охридски со збратименото училиште во градот Рача, Република Србија изјавија по враќањето на учениците од посетата во Србија…
Учениците од ООУ “Св.Климент Охридски” од Делчево задоволни се вратија од посетата на своите соученици во градот Рача, Република Србија кои во периодот од 14 до 17 фебруари беа на возвратна посета по повод патрониот празник на нивното училиште Караѓорѓе Петровиќ.
При посетата во Србија учениците посетија повеќе знаменитости во Белград, Ниш, Крагуевац како и во Рача.
Наставникот по англиски јазик Ненад Јовановски кој беше дел од наставниците кои заедно со учениците беа во Србија, истакна дека се поминало во најдобар ред и учениците задоволни се вратиле назад.
– Прекрасно си поминавме овие неколку денови во Србија. Учениците се дружеа со своите другарчиња од Србија и прекрасно си поминаа и се помина во најдобар ред. Посетивме неколку интересни места, како што е познатиот Калемегдан, потоа стадионот на фудбалскиот клуб Партизан, имавме прошетка во Белград, како и во Ниш. Инаку оваа посета беше по повод патрониот празник на нивното училиште и ги очекуваме повторно оваа година да ни дојдат за нашиот патронен празник, изјави наставникот по англиски јазик Јовановски.
Директорката исто така задоволна од посетата во Србија истакнувајќи дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму на високо ниво како и досега и покрај оваа соработка истакна дека има заинтересиранот за збратимување и со едно училиште од град во Турција.
Ова е уште еден доказ дека ООУ Св,Климент Охридски од Делчево има одлична соработка и со училишта надвор од Македонија која што како што изјавија на високо ниво продолжува и во иднина .