На подрачјето на СВР Штип (Штип, Кочани, Виница, Берово и Делчево) полицијата завчера спровела сообраќајна контрола на околу 500 возила и возачи, при што биле констатирани 218 сообраќајни прекршоци…

pajak-1

 „Издадени се 62 налога и 157 покани за наплата на глоба и впишување  негативни поени. Од тој број, по основ на нерегистрирани возила, евидентирани се 18 прекршоци, без возачка дозвола биле затекнати 17 возачи, а 15 возила биле технички неисправни. Дваесет и седум  возачи ја пречекориле брзината над дозволената од 30 км/час, потоа 50 возачи и сопатници не користеле сигурносен појас, 21 возач возеле со невклучени светла, а деветмина возачи разговарале на мобилен телефон. По основ на непрописно паркирање, евидентирани се девет прекршоци, како и други прекршоци за непочитување на сообраќајните правила и прописи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Извор: Plusinfo.mk