
Министерството за здравство на својата интернет страница синоќа ги објави документите од тендерот за набавка на медицинска опрема, на кој победи фирмата „Висарис“, сопственички поврзана со уредничката на Сител и Вечер Ивона Талевска.
Според министерот за здравство Никола Тодоров, документацијата покажува дека во моментот кога го добила тендерот за набавка на рентген апаратите, фирмата „Висарис“ била регистрирана како Друштво со ограничена одговорност на едно лице – српскиот државјанин Марко Петровиќ.
За Тодоров, тендерот е законски, но тој признава дека е „малку неетички“ што подоцна како мнозински сопственик на фирмата се појавува мајката на Ивона Талевска и најави дека целиот случај ќе го испита.
Опозициската СДСМ вчера побара од Тодоров да ја објави целата документација за овој тендер, а одговори побара и од премиерот Никола Груевски.
Извор: Faktor.mk