Нашата овогодинашна евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ (38) која на 22.февруари во емисијата „Хит на месецот“ на МТВ премиерно ќе ја изведе песната „Победа“ со која ќе не претставува во Копенхаген, Данска, даде ексклузивно интервју за евровизискиот блог www.joinusoneurovision.blogspot.com …

tijana04-650x425

Во интервјуто Тијана е претставена како позната поп-пејачка во Србија.

На 28 август минатата година таа беше избрана од Македонската радио телевизија да ја претставува Македонија на евровизискиот избор кој ќе се одржува од 6 до 10 мај во Копехаген, а Тијана потврдила дека во настапот ќе ја влучи и нејзината сестра Тамара Тодевска како придружен вокал.

Што значи за вас да ја претставувате својата земја на „Евровизија 2014“?

– Мислам дека не постои личност  која не би била почестена да ја претставува својата земја на кој било натпревар и јас не сум исклучок. Многу сум среќна, задоволна и почестена што имам можност да ја претставувам Македонија на „Евросонг“.

Со каков стил на песна ќе се претставите, и сали ќе пеете на англиски?

– Знам само дека песната ќе биде брза и динамична и дека ќа направиме добра забава на сцена. Ќе дадеме сè од себе да биде така.

Дали планирате да направите промотивно видео за песната?

– Сè уште не можам да кажам ништо бидејќи во моментот сме фокусирани на песната.

Кои се вашите очекувања во Копенхаген?

– Очекувам добра забава, убави мигови со луѓето од цела Европа и едно од првите пет места во финалето.

Дали сте евровизиски фан, и кој беше ваш фаворит во минатите години?

– Јас сум голем фан на Евровизија и ја гледам секоја година. Моја омилена евровизиска песна беше „Let me love you“ од 2008 во изведба на Тамара, Врчак и Адријан Гаџа.

Кажете ни која е Тијана приватно?

– Тијана во приватниот живот е речиси иста како онаа што ја гледате на сцената. На сцена се чувствувам како дома. Кога не сум на сцена, сакам да го минувам времето со моите пријатели и со семејството. Јас само ја менувам средината, а јас сум истата и не се преправам.

Што ве прави среќна?

– Мојот син, семејството, музиката. Луѓето ме прават среќна, јас сум голем филантроп.

Дали сте имале можност да се запознаете со некој евровизиски учесник?

– Сум запознала со многу изведувачи пред тие да настапат на Евросонг, од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и со некои имам и соработувано.

Дали ги видовте и преслушавте учесниците од другите земји учеснички и што мислите за нив?

– Чекам да бидат објавени сите песни и да ги преслушам.

Кои се вашите музики планови за 2014 година?

– Евровизијата во моментот ми е најголем приоритет и сите сме фокусирани на тоа.

Кој за вас е највозбудливиот момент во вашиот живот?

Ги има многу, но најмногу ќе го паметам раѓањето на мојот син Вук.

Кои се вашите желби за во иднина?

– Ќе звучи како клише, но посакувам сите луѓе околу мене да се здрави и среќни. Тоа е најважното нешто и предуслов да се исполнат сите други желби.

Зошто фановите на Евровизија треба да гласаат за вас?

– Фановите треба да гласаат за песната која најмогу ќе им се допадне. Ќе бидам пресреќна ако тоа е мојата песна.

Извор: Plusinfo.mk