
Неодговорен скопјанец за малку ќе предизвикал трагедија на аеродромот „Александар Велики“, кога со ласер го заслепил пилотот на авионот кој слетувал на пистата.
Како што објави Пресс24, попладнево околу 17 часот, кога пилотот на авиокомпанијата Визер се обидувал да го спушти авионот на пистата во Скопје, непознато лице од правец на Петровец почнало да му свети со ласер во очите.
Пилотот успеал да остане присебен и да го спушти авионот без поголеми проблеми, но веднаш по слетувањето случајот го пријавил во котролата за летање. Известена била и полицијата, а МВР веќе презема мерки за да го открие сторителот.
Инаку, по подолг период денеска за првпат на аеродромот Александар Велики немаше магла, временските услови за полетување и слетување беа подобри и беа реализирани речиси сите летови. Откажани беа единствено летовите од и кон Истанбул утрово.
Извор: Faktor.mk