
Шеесет и двајца пратеници гласаа „за“, а еден беше против сега веќе изгласаниот Законот со кој по завршувањето на воената обврска, на професионалните војници ќе им биде понудена државна работа до пензионирање…
Според Законот, се предвидува 4.000 војници да се вработат во државните институции.
Влада пред две недели ги задолжи надлежните Министерства да изготват законско решение за војниците, но, донесе и мерка со која Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, како и Агенцијата за вработување имаат обврска да подготват законско решение со кое ќе се реши статусот на лицата кои останале без работа заклучно со 31 декември минатата година од државни фирми илли фирми со доминантна државна сопственост.
Со новото законско решение, 3.000 лица ќе добиваат по 7.100 денари, односно 34 проценти од просечната плата остварена минатата година, а за оваа мерка се одвоени околу 4 милиони евра од државниот Буџет.