Користењето на апликациите на паметните телефони се дуплираше во последните година дена, а најголем раст забележуваат социјалните и апликациите за размена на пораки.

tablet

Растот е поголем од 200%, а најмногу е забележан кај Twitter, Facebook, WhatsApp и кинеската апликација WeChat.

Сите овие апликации служат и како замена за досегашните смс пораки, а корисниците на овие апликации освен текстуални пораки, можат да испраќаат и видео-пораки, слики и имаат можност за разговор.

Исто така, раст забележуваат и меил апликациите, апликациите за размена на документи кои најчесто се користат од деловни причини.

Апликациите за музика и гледање видео-снимки имаат раст од 78% во однос на претходната година, додека пак игрите доживееа раст од 66%.