Меланија Трамп повторно стана прва дама на САД. По инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, на TikTok се прошири ретка снимка на која Меланија зборува на словенечки.

Водителот ја прашува дали мисли дека среќата е неопходна за успех, на што Меланија одговара: „Мислам дека е така, среќата е да се најде на вистинското место во вистинско време“.

Во коментарите е откриено дека се работи за интервју од 2000 година, а објавено е во словенечки документарец во 2022 година.

Под видеото има многу коментари, особено луѓе од поранешната држава.

„Разбирам сè“, „Јас сум Хрват и мило ми е што можам се да разберам. Таа е икона“, „Прв пат ја слушам како зборува словенечки“, „Јас сум Хрват и ја разбирам „, „Убаво зборува словенечки“, „Ја разбираат сите од поранешна Југославија“, „Чувствувам чест што сум Хрват и разбирам што вели првата дама на Америка“, „Меланија го обединува Балканот“, „Конечно видео во Словенечки“, се дел од коментарите.

Меланија е родена во Словенија, а пораснала во индустрискиот град Севница. Нејзиниот татко Виктор работел како претставник за продажба на автомобили, додека нејзината мајка Амалија работела во модната индустрија, изработувајќи детска облека.

Што мислат Словенците за Меланија?

„Реакциите за Меланија се уште се мешани. Некои луѓе во Словенија не ја сакаат затоа што изгледа дека не покажува никаков интерес за самата земја и затоа што не ја посетила со години, што ја прави нетипична Словенка“. верува словенечкиот филмски режисер Јуриј Груден, кој сними долгометражен документарен филм за првата дама.

„Додека го снимав овој документарец, доживеав што значи да се биде дел од екосистемот на Трамп кога е во прашање вниманието, а понекогаш тоа создава инстант и автоматски пресуди, дури и кога само снимате документарец“, рече тој.

Кога им открил на колегите на што работи, нивните реакции биле остри или поделени. „Поларизацијата околу Меланија и нејзиното семејство е исклучително силна и тешко е да се води рационален разговор, без разлика на која страна од политичкиот спектар сте.

Севничани на крајот сепак се радуваат на првата дама на Соединетите Држави со словенечко потекло. „Враќањето на Меланија во Белата куќа го доживуваме со задоволство и гордост, пред се оние граѓани кои го познаваат семејството Кнавс и се нивни пријатели“, заклучи Оцвирк.