Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на ЛИДЕРСКА за датум за избори!

Поради ова, јас како претседател на Левица го ОТКАЖУВАМ моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ).

Изразувам искрено сочувство до семејството и роднините на жртвата, пишува Апасиев.

Се огласи и Артан Груби!

Министерството за внатрешни работи и Обвинителството интензивно работеа на расветлување на случајот кој го шокираше целото општество при што ги изведоа пред лицето на правдата осомничените автори на ова грозно злосторство.

Одредени поединци на социјалните мрежи се обидуваат да му дадат етничка димензија на овој злочин и оваа тенденција претставува двоен злочин. Семејството и целото општество се во болка и непребол, ја споделувам болката со сите, додека заедно мораме да ги отстраниме од нашата средина убијците, комплотистите и поттикнувачите, пишува вицепремиерот Артан Груби.