Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе претставка до Државната изборна комисија во која се наведени сомневањата во врска со точноста на податоците за преку 20.000 лица кои се наоѓаат на Избирачкиот список, во 22 општини во Македонија…

izbori1_g_1
– Нашето сомневање е дека дел од овие лица или се починати, или повеќе не живеат во Република Македонија или пак станува збор за лица кои не живеат на наведените адреси во Изборниот список.

Без да прејудицираме дали нашите сомнежи се основани или не, бараме во најкус можен рок, ДИК во соработка со останатите надлежни институции, МВР и УВМК да ја утврдат фактичката состојба за наведените лица и да постапат согласно нивните законски надлежности – велат од најголемата опозициска партија.