Ефектот на црно бели пруги на посебен начин ја рефлектира светлината и ги отфрла мувите од зебрата…

zebra

Научниците веруваат дека конечно ја решиле дилемата поради што зебрите имаат црно-бели пруги, која биолозите ги мачи откако Чарлс Дарвин ја изнел теоријата на еволуцијата, и дошле до заклучок дека тие  на тој начин се брнат од напади на муви, кои пренесуваат паразите и предизвикуваат разни болести.

Во магазинот Journal of Experimental Biology била објавена студија во која научниците укажуваат на тоа дека дошле до заклучокот зошто зебрите имаат пруги, а одговорот е за да се одбранат од муви.

Ефектот на црно бели пруги на посебен начин ја рефлектира светлината и ги отфрла мувите од зебрата.

Групата начучници експериментите ги правела на коњи, а со набљудување дошле до податоците дека одразот на светлината од темните влакна ги привлекува мувите.

Затоа направиле уште еден експеримент, во кој направиле модели од коњи во различни бои и ги премачкале со лепак за да на крај ги избројат мувите. Моделите на коњите биле во целосно црна боја, целосно бела боја и онаа како кај зебрите и двете бои.На крај било заклучено дека најмалку привлечен модел за мувите бил оној кој личел на зебрите.

Извор: Plusinfo.mk