Норвешкиот Нобелов комитет денеска соопшти  дека за Нобеловата награда за мир годинава се предложени рекордни 278 кандидати…

Nobel-Prize– Речиси секоја година се зголемува бројот на предлозите, што, пак, го одразува нараснатиот интерес за наградата. Добивме номинации од апсолутно цел свет, изјави секретарот на Комитетот, Гер Лундеста.

Нобеловиот комитет денеска го оддржа своето прво заседание за годинава, на кое ги разгледа кандидатурите. За тие да бидат важечки требаше да бидат испратени пред 1 февруари.

На првото заседание петмина членови на Комитетот сами имаат можност посебно да предлагаат кандидати, покрај веќе номинираните од страна на пратеници и министри, универзитетски професори, поранешни лауреати и членови на некои меѓународни организации.

Списокот на кандидати веќе 50 години се држи во тајност. Лундеста единствено посочи дека 47 од 278-те кандидати се организации.

Годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир ќе биде соопштен на 10 октомври во Осло.

Извор: Libertas.mk