Станува збор за акција во која се апсела поголема група шверцери на цигари…

policija-mak-564x272

Голема полициска акција на македонската граница со Бугарија и во делови од Источна Македонија – се апсела поголема група на шверцери на цигари, објави Прес24.

Според информациите на порталот, при акцијата дошло до пукање во зелениот појас на границата. Полициските службеници морале предупредувачки да употребат огнено оружје за да ги спречат шверцерите да побегнат.

Осомничените со својот џип удриле во дрво по што биле приведени. МВР повеќе детали најави за утре.