Првата дама на САД, Мишел Обама планира голема прослава на својот 50. роденден на 18. јануари во Белата куќа…

michelle-obamaНо, гостите кои примиле покани за роденденот се изненадиле кога сфатиле дека домаќинката им порачала да се „најадат пред да дојдат“.

Американските дневни весници, како „Вашингтон пост“, известиле за тоа цитирајќи ги стручњаците за приредување на приеми кои не го одобруваат ваквиот невообичаен потег. Забавата веќе добила прекар „грицки, пијалак, танцување и десерт“, како што наведува „Чикаго Трибјун“.

Освен колачите кои сепак се очекуваат за прославата на роденденот, Мишел веќе најавила дека забавата ќе вклучи некои од популарните танцувачки движења, како што е „dougie“.

Извор: Plusinfo.mk