
После церемонијата за 45-годишнината од основањето на Друштвото за патишта на Република Македонија актуелниот директор на ЈП „Македонија пат“, Г.К. (34) „изел ќотек“ вчера во ходникот на Градежниот факултет во Скопје.
Полицијата јави дека Г.К. бил тепан од поранешниот директор на ова јавно претпријатие, В.П. (63), кој сега е професор на Државниот универзитет во Тетово и од неговиот 22-годишен син.
На церемонијата вчера присуствувале и премиерот и неколку министри, а на В.П. му било доделено посебно признание за својот придонес.
На Г.К. му е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”, каде се констатирани тешки телесни повреди.
Извор: Sky.mk