Општина Делчево повторно ги објавува конкурсите за доделување на студентски стипендии и ученички стипендии…
Објавените конкурси се за доделување на :
- 7 непополнети студентски стипендии за студенти кои студираат на државните универзитети во РМ и
- 1 стипендија за одлични ученици од СОУ М.М.Брицо.
Конкурсната комисија ги објавува повторените конкурси за стипендии бидејќи по конкурсите објавени во Декември 2013 година пријавените кандидати не ги исполнуваа условите предвидени во Конкурсот и во Одлуките за доделување на стипендии.
Условите за доделување на стипендиите се наведени во конкурсите кои се објавени на Огласната табла во Општина Делчево, во СОУ М.М.Брицо, интернет страната на Општина Делчево и на Д1 ТВ. За повеќе информации околу потребните документи кои треба да се достават во прилог на барањето за доделување на стипендија, можете да се обратите во архива на Општина Делчево.
Повеќе за комкурсите и за потребната документација прочитајте на следниот линк.