
Група чилеански и француски научници откриле мрежа на подземни пештери на еден зафрлен остров во Патагонија, која би можела да пружи драгоцени информации за начинот на формирање на континентите…
Системот од околу 20 варовнички пештери оваа недела биле пронајдени за време на научната експедија на островот Диего де Алмагро, на крајниот југозападен дел на Чиле.
Истражувачите морале да се спужтаа со јажиња и да нуркаат до пештерите, од кои некои се наоѓаат на длабочина од 50 метри. Биле пронајдени ѕидни цртежи како и фрагменти од коски кои ги оставиле припадниците од народот Кавескар, што би можело да помогне во одредување на староста на пештерите.
– Можно е да се направат модели на подрачјето каде континентите се раздвоиле, а ова би можело да биде едно од тие места – изјавил спелеологот Наталија Мората.
Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“ оваа експедиција била последна во низата истражувачки мисии предводени од француското здружение „Центре тере“.
Во пештерите се пронајдени видови на карпи кои обично може да се најдат само во топлите предели. Тоа би можело да им помогне на истражувачите да сфатат како континентите се раздвоиле.
Научниците сметаат дека континентите се придвижуваат во текот на тектонските активности и дека мапата на светот изгледала сосема различно пред неколку милиони години.
Извор: Plusinfo.mk