Имате Аndroid паметен уред и сакате да го освежите се неколку нови и интересни апликации, но не сте сигурни кои се добри. Во овој избор се најдоа апликациите кои ќе ви помогнат никогаш да не изгубите некој текст, лесно да ги префрлите контактите и слично.

telefon_android

1. Type Machine

Оваа апликација ќе ве спаси од непријатните ситуации кога ќе ви се изгуби некој текст што сте го пишувале бидејќи по грешка сте го избришале или ви крашнала апликацијата. Type Machine може да чува се што сте напишале во било која од основните Android апликации, а самиот корисник може да одреди што точно сака да биде зачувано.

Како што објаснуваат авторите, станува збор за сигурно и квалитетно решение кое е достапно и за Android таблет компјутерите.

 

2. FullContact Card Reader

FullContact Card Reader е апликација која ви овозможува лесно да ги зачувате податоците од визит карта и да ги имате на прегледен начин во адресарот. За се да помине без грешка, апликацијата не користи оптичко препознавање на букви, туку вистински тим на луѓе кои ја сортираат содржината.

3. Opera Max (Beta)

Интернет пребарувачот Opera сигурно ви е познат, а овој пат норвешката компанија подготви и посебна верзија која ги компресира фајловите што ги прегледувате на интернет. Тоа овозможува подобра контрола на трошоците, што е особено важно за оние што имаат лимитирана интернет претплата.

4. Dormi

Бејби мониторите се корисна работа за младите родители, а благодарение на оваа апликација, можете да го претворите вашиот телефон во ваков монитор. Сепак има еден услов – мора да имате два Android уреди. Авторите на апликацијата тврдат дека ги има сите елементи потребни за вистински бејби монитор, меѓу кои е и опцијата за автоматско прилагодување на тонот.

5. Polyfauna

Polyfauna е експеримент на групата Редиохед со тимот од Universal Everything. Според авторите, апликацијата е создадена од интересот за раните компјутери и измислените суштества од нивната потсвест. Благодарение на неа, екранот се претвора во прозорец кон тој замислен свет кој еволуира пред очите на корисникот. Вреди да се проба, особено за обожавателите на оваа култна група.

Извор: GSM.mk