
Хороскопот може многу да ви помогне во тоа да откриете со кого сте компатибилни, а кој не ви одговара во љубовната врска…
Без разлика дали верувате или не во хороскопот, постојат одредени комбинации на хороскопски знаци што би можеле да имаат проблеми во врската, па откријте кои се тие.
Овен и Рак
Личностите родени во знакот на Овен се екстровертни и енергични, и не се сложуваат најдобро со знаците што се конзервативни и чувствителни како ракот. Иако не се тотални спротивности, врската меѓу Овните и Раковите би била фрустрирачка бидејќи имаат различни приоритети.
Рак и Водолија
Активниот и возбудливиот живот на Водолијата ќе му делува привлечно на Ракот, но само на почетокот. Оваа врска ќе биде забавна и возбудлива можеби еден месец, а тогаш ќе преовлада личноста на Ракот, која е поврзана со домот и семејството. Тоа на Водолијата брзо ќе ѝ здодее и ќе доведе до расправии и можни неверства.
Лав и Бик
Лавот и Бикот се олицетворение на фразата „кога незапирлива сила ќе удри во неподвижен предмет“. Овие знаци се многу тврдоглави и имаат различни приоритети. Лавовите сакаат слава и богатство, а Биковите стабилност и сигурност. Ниедна страна нема да попушти во расправата и тешко ги прифаќаат промените. Овие два знака најдобро може да се усогласат во заемното почитување.
Скорпија и Овен
Скорпијата и Овенот ќе бидат во постојан судир поради нивните независни природи. Може врската да ја започнат со јагоди и шлаг во кревет, но брзо ќе доживеат неуспех. Овенот има кокетна природа, а Скорпијата е љубоморна.
Близнаци и Рак
Заборавете на оваа комбинација! Исходот не може да биде добар. Раковите се чувствителни и емотивни, додека на Близнаците им недостига чувствителност, особено додека го зборуваат тоа што го мислат. Раковите се премногу чувствителни за да излезат на крај со такви личности.
Девица и Лав
Лавовите сакаат да трошат пари, а Девиците се штедливи. На многу вакви врски им доаѓа крај поради несогласувања поради парите. Екстравагантата и опуштена природа на Лавот сигурно ќе дојде во судир со конзервативната и мирна природа на Девицата.
Вага и Јарец
Контролирачката природа на Јарецот и потребата секогаш да биде по нивно, веројатно ќе ја искористи дарежливата и блага природа на Вагата. Јарците често имаат променливо расположение и многу се резервирани, за разлика од Вагите кои се прилично отворени по прашање на емоциите. Иако оваа двојка е премногу различна, тие би можеле да бидат заедно ако се потрудат.
Бик и Водолија
Осудени се на пропаст од самиот почеток. Биковите сакаат стабилност додека, Водолиите можат да бидат насекаде и сакаат брзо темпо на живот. Биковите се многу посесивни, што не се совпаѓа со опуштеноста на Водолијата. Риби и ЛавРибите многу фантазираат и се чувствителни, што е контраст на ентузијазмот на Лавот. Потребата за внимание што ја покажуваат Лавовите, кај Рибите може да предизвика чувство на возбуда.
Стрелец и Јарец
Стрелецот сака да се смее и добро да се забавува. Јарците се приземјени и понекогаш дури меланхолични. Оптимистичкиот став на Стрелецот може да го изнервира Јарецот и нивната врска е осудена на неуспех.
Водолија и Скорпија
Авантуристички настроената Водолија секогаш бара возбуда и нешто ново во животот, а Скорпијата сака посветеност и сигурност. Врската меѓу овие два знака би можела да успее доколку Скорпијата одвреме навреме ѝ даде малку простор на Водолијата.
Риби и Близнаци
На Близнаците им е потребна целосна слобода. Не ги ограничувајте. На Рибите им треба стабилност која Близнаците не можат да им ја пружат. Рибите сакаат живот од бајка исполнет со љубов и посветеност. Во почетокот меѓу нив владее голема привлечност, но со времето таа исчезнува. Близнаците се способни да бидат во врска, но имаат потреба да се чувствуваат слободно.
Девица и Близнаци
Девицата и Близнаците имаат различни погледи на свет. Девиците се премногу сериозни и практични, додека Близнаците имаат двојна личност и не можат да се одлучат за што и да е.