Административните службеници, еднаш годишно, ќе добиваат оценки од кои ќе им зависи работното место, но и тоа дали ќе бидат наградени или казнети.

skolo

Оценките ќе бидат од 1 до 5, а ќе ги делат претпоставените и колегите. Оние со највисоки оценки ќе добијат бонус, оние со најниски оценки ќе бидат избркани од работа. Ова се предлага со новиот закон за административни службеници што е во собраниска процедура. Во зависност од просекот од сите добиени оценки, годишната оценка на административниот службеник може да биде оценет како:

  •   „особено се истакнува”, доколку има вредност од 4.51 до 5.00;
  •   „се истакнува”, доколку има вредност од 3.51 до 4.50;
  •   „задоволува”, доколку има вредност од 2.51 до 3.50;
  •   „делумно задоволува”, доколку има вредност од 1.51 до 2.50; и
  •   „не задоволува”, доколку има вредност од 1.00 до 1.50.

Оние кои ќе добијат годишната оценка “особено се истакнува”, ќе бидат наградени со бонус односно најмногу една платата, а оние кои ќе добијат оценка„не задоволува”, ќе им престане работниот однос. Административниот службеник кој ќе добие оценка „делумно задоволува”, ќе му биде намалена платата најмногу во износ од 30% во период од една година, а доколку во две последователни оценувања истиот административен службеник добие оценка„делумно задоволува”, ќе му престане работниот однос.

Кој ќе го врши оценувањето ?

Административниот службеник ќе има еден главен „оценувач“ чија оценка ќе биде од особено значење во конечната оценка и уште четири други „оценувачи“. Главниот оценувач ќе биде претпоставениот административен службеник, т.е секретарот или раководното лице на институцијата, а другите оценувачи ги бира административниот службеник во договор со неговиот оценувач.

Повеќе за ова на Faktor.mk