
Секојдневната исхрана е клуч за убаво и здраво тело, мазна кожа и сјајна коса…
Во овој случај не станува збор за бројот на калориите што ги внесуваме, туку за производите што ќе ви помогнат за одржување на здраво функционирање на органите за варење. Токму овде лежи најчестата пречка за вашиот свеж и виток изглед. Затоа, нутриционистите предлагаат здрави нутриенти измешани во богато зелено фрапе чиј вкус пријатно ќе ве изненади.
Нутриционистите истакнуваат дека со внимателно броење на калориите при секој оброк нема да му го обезбедите на телото изгледот што го посакувате. Убавината не се постигнува со математика до степен на опседнатост, вадејќи калкулатор за време на ручекот за да ги пресметате внесените калории. Наместо тоа, треба да ја ослободите заглавената енергија со лошото варење. Понекогаш и редовното одење во теретана, диетите и шминката не можат да ви помогнат да изгледате здраво и убаво. Причина за тоа е варењето, често пати нередовно , поради современиот начин на живот и површниот однос кон него.
Колку помалку енергија е заглавена поради лошото варење, толку повеќе останува за функционирање на организмот и за здрави кожа, коса и нокти. Ако ја солободите енергијата, телото ќе блесне од внатре што ќе биде видливо и однадвор. Нутриционистите смислиле едноставен рецепт за фрапе за побрзо и полесно варење на храната. Ова нутриентска бомба е исполнета со витамини, минерали и аминoкиселини, а можете да ја консумирате наутро или како меѓуоброк кој ќе го замени утринското кафе или штетниот чипс.
Ова вкусно и здраво фрапе содржи: една ипол чаша вода, една исечкана зелена салата, четири корени целер, 30 дг спанаќ, едно излупено и исечкано јаболко, крушка и една банана. Исто така, по желба можете да ставите свежи листови и стебленца од коријандер и од магдонос.
Извор: Plusinfo.mk