Косово и Македонија наскоро може да постигнат договор според кој граѓаните на двете земји ќе патуваат само со лични карти, а заедничкиот договор, постои можност да се потпише до крајот на месецот, објавува порталот на албански јазик Порталб…

Capture4444

Косовските власти, за порталот рекле дека договорот се разгледува од страна на експерти, и дека тој процес се очекува да биде завршен многу брзо.

-Во декември почнавме со процедурата за издавање на биометриски документи. Министерот Реџепи оствари средба со министерката Јанкуловска во декември и првата верзија на договорот е подготвена. Се очекува дека по прегледувањето од експертските групи, тој ќе биде потпишан. Се’ оди добро и потпишувањето на договорот може да го очекуваме во март- вели портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Косово, Фисник Реџепи.

Македонските власти потврдија дека постои политичка волја да се постигне договор, кој предвидува олеснување на движењето на граѓаните меѓу двете земји, користејќи лични карти само за оваа намена и дека нема пречка која ќе ги поткопа неговото потпишување.