
Кога мажот оди во кревет со новата партнерка на почетокот од врската, има неколку работи на кои би требало да обрне внимание да не ги направи, секако, ако сака врската да потрае…
Жените не сакаат да го доживуваат партнерот како татко
Жените кои паѓаат на тој фазон во кревет во текот на сексот во реалноста речиси и да не постојат, а за жал се премногу застапени во филмовите. Вистината е дека повеќето жени не се палат на тоа.
Нема воодушевување од мажот кој веднаш после сексот заспива
Едно истражување дојде до сознание дека мажите после сексот најчесто заспиваат за да ја избегнат комуникацијата. Без разлика која е вистинската причина за тоа, многу е себично да заспиете веднаш после сексот. Ако ви е навистина дојдено до партнерката, потрудете се барем уште малку да останете будни.
Ако секси сонот кој сте го сонувале не ја вклучува неа во главна улога, тогаш задржете го за себе
На почетокот на врската и првите сексуални акции ниедна жена не сака да слуша прераскажување на сон во кој нејзиниот партнер бил во друштво со некоја позната убавица, без разлика дали тоа е Бијонсе, Џесика, Моника, Наоми, Камерон, Цеца… Ако вашата партнерка не е во главна улога во тој сон, немојте да ѝ го кажувате.
Можеби таа сака секси-играчки, но не во комбинација со некој кого едвај го познава
Воведувањето на секси-играчки во сексот не би требало да се случи нагло, без комуникација и добро познавање на афинитетите на новата партнерка. Довербата е клучна кога е сексот во прашање. Читајте помеѓу редови, запознајте се, следете го нејзиниот говор на тело.