
Постхумниот албум на Мајкл Џексон, кој го продуцира Тимбеленд полека „протекува“ во јавноста…
Музичкиот магазин „НМЕ“ пишува дека во петокот на 7 март, музичкотпарче од 67 секунди насловено „Slave To The Rhythm“ било поставено на музичкиот канал Саундклауд, но два дена подоцна било повлечено.
Како што пренесуваат американските медиуми песната на кралот на попот не е обработка од истоимениот сингл на легендарната музичарка Грејс Џонс од 1985 година, а тие кои ја слушнале велат дека ритамот е заснован на класичниот „808 synth“ звук и дека Џексон ја пее „Because she’s a slave to the rhythm“.
Американскиот продуцент Тимбеленд минатиот септември потврди дека работи на „новиот“ материјал на Џексон, создавајќи ел-пи од необјавениот материјал.