Пред нас е најстудениот период во годината. Секој ќе се обиде да се згрее како знае и умее, а добро е да се знае дека постојат продукти кои помагаат да се задржи телесната топлина…

zena stud

Тоа се сезонските билки – зимското овошје и зеленчук. Во зима е најкорисно да се консумира зимски зеленчук, кој содржи витамини.

Најдобра помош на телото да ја одржи телесната топлина може да биде коренестиот зеленчук. Тоа се оние билки кои не созреваат бргу, туку им е потребно извесно време. На нивниот раст не им пречи ниту ветерот ниту мразот, туку ги погодува студеното зимско време, а деловите кои се за јадење им се наоѓаат под површината на земјата. Ситно сечканиот и обарен коренест зеленчук може да се користи како основа за лесна чорба.

Ова исто така е период во годината кога е можно да чувствувате поголема потреба за консумирање месо и месни производи отколку во летниот период. И месото содржи елементи кои му помагаат на телото во одржување на топлината.

Ако сте љубител на салати, пробајте, наместо вообичаената зелена салата, салати кои содржат повеќе коренест зеленчук и грав, грашок или влакнести билки. Во салатата може да додадете и малку месо.

Луѓето кои живеат во студени подрачја, во најстудените месеци треба во целост да ја исфрлат зелената салата од своето мени. Во наши услови, во умерено студените зими можеме од време на време да консумираме мешана салата со пилешко. Ако сте љубител на риба може да ја приготвите на свој начин и да ја сервирате како прилог со варени коренести билки и зимски зеленчук, или компир наместо вообичаениот ориз.

Ви предлагаме некои од најздрваите продукти за есенската и зимската сезона кои ќе ве згреат и ќе ви помогнат да останете активни и во добра форма: морков, цвекло, рдокви, компири, кељ, грав, грашок, житни кливи, зелка.