
Најпознатата туристичка интернет страница во светот, „TripAdvisor“, секоја година ни носи преглед на најдобрите туристички дестинации, а меѓу нив посебна категорија заземаат и островите…
Она што е посебно за оваа листа е тоа што ја создаваат туристи со своите гласови и рецензии, а кои острови се одбрани како најдобри за оваа година – погледнете во продолжение.
1. Ембергрис Каје, Белизе
Ембергрис Каје го завема првото место на листата со своите богати, а сепак не премногу богати туристички содржини. Иако нуди скоро сè, овој остров не е подреден на масовниот туризам, па е идеално место за младите парови кои се желни да откријат нови туристички, не толку популарни дестинации.
2. Сент Џон, Американски Девствени Острови
Овој остров е познат по квалитетниот екотуризам, а на посетителите им пружа бројни активности, од набљудување на птиците во националниот парк до пешачење по некоја од бројните стази. Ако сакате опуштен одмор, тука се бројните песочни плажи кои ќе го заробат вашето внимание во текот на целиот ден.
3. Бора Бора, Француска Полинезија
Бора Бора се наоѓа на 260 километри од главниот град на Француска Полинезија, Папетеа. Островот е познат по преубавите лагуни и корални гребени, а во неговата средина се сместени остатоци од некогашните вулкани во облик на два врва кои достигнуваат и височина од 727 метри. Островот е познат по големиот број на морски кучиња кои таму живеат, а на островот ќе пронајдете дури две агенции кои можат да ве однесат на авантуристично хранење на овие опасни животни.
4. Сан Хуан, Вашингтон
Иако не е некоја е за сите љубители на лавандата тука се наоѓа една од најголемите фарми во САД. Доколку сте обожаватели на големи животни, можете да го посетите државниот парк Лајми Килн Поинт во кој можете да го видите најголемиот кит.
5. Санторини, Грција
Санторини е познат како еден од најубавите грчки острови, а сместен е во Егејското море, 200 километри од најблиското копно. Островот за својот денешен изглед може да ѝ се заблагодари на вулканската ерупција, а токму на него е забележана една од најголемите вулкански ерупции во човековата историја. Многумина веруваат дека тука се наоѓа и древната Атлантида која после ерупцијата исчезнала длабоко под морето.