
Спотот за темата „Жао ми је“ на македонската музичка легенда Тоше Проески, ќе се помовира на 25 јануари, на денот на неговото раѓање…
Во видеото кое се снимаше во едно од студијата во Бугарија, е опишана љубовна приказна меѓу двајца млади, а во него Проески се појавува во облека од античко време.
„Повеќе пати нагласивмe дека Тоше остави големо музичко наследство. Бидејќи фондацијата која се грижи за неговото дело и лик има своја агенда со повеќе активности планирани за секоја година, овојпат одлучивме пред публиката да го претставиме спотот за темата „Жао ми је“.
Спотот ќе биде претставен во јавноста за време на промоцијата на книгата „Ова не е крај“, илустрирана биографија за Тоше Проески“, соопшти Фондацијата „Тоше Проески“.
Извор: Plusinfo.mk