Општина Делчево доби буџет за оваа 2014 година, откако на вонредната седница истиот беше изгласан со 8 гласа “за” и 7 “против”…
Со 8 гласа “ЗА” и 7 ” ПРОТИВ”,Советот на Општина Делчево на вонредната седница која се одржа во понеделникот го донесе буџетот за 2014 година.
Гласот на советничката кој на минатата редовна седница беше воздржан овој пат на вонредната седница беше пресуден за донесувањето на буџетот на општината.
Советниците од опозицијата со став дека е непотребна расправа за истиот буџет уште еднаш и дадоа предлог задолжувањето од 60 милиони денари да биде симнато од дневен ред, но предлогот не беше прифатен при што буџетот беше изгласан како и што беше предложен.
Повеќе за ова од следниот прилог…
Подготви: Сунчица Маринкова – Сосиева, Д1 Телевизија