Еден постар маж (70) од италијанскиот град Тревизо се најде во многу непријатна ситуација, што го доведе до жестока расправија и тепачка со неговиот синот…

Prostitucija1

Имено, мажот нарачал проститутка преку специјализирана агенција, но бил шокиран кога на вратата се појавила девојката на неговиот 40-годишен син, којa по потекло била од Јужна Америка.

На мажот и на неговата несудена снаа целиот случај им бил многу непријатен, по што „девојката на повик“ набрзина си заминала.

Збунетиот татко, сепак, решил да му каже на својот син дека неговата девојка е проститутка, а не келнерка, како што тврдела. Но, наместо на девојка си, синот се налутил на таткото и меѓу нив избила жестока расправија што завршила со тепачка. Овој инцидент се случил пред четири години, но досега бил прикриван се додека не завршил на суд.

Целиот случај заврши и на суд затоа што синот го тужел таткото за нанесени повреди.

Не се знае дали синот останал во врска со девојката, но судијата на успеал да ги смири таткото и синот.

Извор: Plusinfo.mk