
Центарот за странски јазици “МАСТЕР” во Делчево во нова мисија , овојпат со хуманитарен карактер…“Се што ви е потребно е да бидете добро расположени и спремни за многу хумор и смеа и секако вашата добра воља да донираме од срце за срце…” , е пораката со која Центарот за странски јазици “МАСТЕР” во Делчево ве повикува да дојдете на хуманитарната кино проекција која во среда со почеток во 17:30 часот ќе се прикажува во Кино салата .
Станува збор за хуманитарен настан кој го организира Центарот за странски јазици “МАСТЕР” .
Овој пат настанот во соработка со НУЦК “Н.Ј – Вапцаров ” е предвиден да се одржи во Кино салата во Делчево преку прикажување на одличната комедија и авантура “Г-дин Мол и фабриката за чоколадо”. Филмот ќе се прикажува бесплатно и е наменет за сите деца, ученици , но и за сите граѓани кои сакаат малку да се оттргнат од секојдневието и да се насмеат, уживаат , а со тоа и да ја покажат својата хуманост на дело.
Во продолжение ви ја пренесуваме поканата од Центарот за странски јазици до нивните членови, но и до сите останати граѓани:
” Најмили наши МАСТЕРи и сограѓани, според годишната програма за работа на МАСТЕР и во соработка со НУЦК Никола Ј.Вапцаров ,ве водиме на кино заедно да уживаме во фантастичната комедија и авантура “Г-дин Мол и фабриката за чоколадо” , филм добитник на многу награди на бројни светски фестивали!
Овој пат СИТЕ заедно ќе ја покажеме и хуманоста на дело со што на самиот влез пред салата ќе има поставено кутија за донации кои ќе ги намениниме за наш сограѓанин на кого итно му се неопходни!
Ве очекуваме сите да се смееме, уживаме и донираме! Да ја наполниме салата како никогаш досега! Ве сака ,МАСТЕР !,
пишува во поканата упатена до сите наши сограѓани.
Да ја покажеме хуманоста и овој пат како и многупати досега и во среда во 17:30 во Кино салата , да го гледаме филмот на големото платно и да уживаме заедно.
ГЛЕДАЈ ФИЛМ И ПОМОГНИ .