Мажите можат многу лесно да се возбудат, но исто толку лесно и да оладат. За да разјаснете некои заблуди, мажите одлучија да ви откријат кои работи ја убиваат нивната сексуална желба…

sex_canoe_kayak-6cc58a03

1. Зборувањето за финансии не само што им ја убива желбата за секс, туку на многу им ја убива и желбата за живот.

2. За време на секс не се препорачува ниту споменување на родителите.

3. Немојте да укажувате дека пенисот е во ерекција. Поради некоја причина жените мислат дека е во ред да истакнат кога мажот има ерекција, но тоа за некои мажи не е воопшто секси, особено ако имаат некои трауми од детството.

4. Немојте за време на секс да му „пречите“ со разговори за чистење на прашината, миење на садовите и слични теми.

5. Немојте да зборувате ниту за други мажи. Поттикнувањето на љубомората на мажот за да се напали уште повеќе е сосема лоша идеја.

6. Стрес!

7. Недостаток на сон. Тешко е било кој да се фокусира на едно нешто кога хронично му недостасува сон. Во тие моменти единствената желба која ја има мажот е желбата за кревет и спиење.

8. Немојте никогаш пред секс да зборувате за децата.

9. Мажите не сакаат ниту жени кои се чувствуваат непријатно во сопственото тело и самите себеси не се перцепираат како секси. Нема потреба жената да се срами од сопственото тело.

10. Плачење. Да нема забуни, нема ништо лошо во плачењето, но тоа едноставно не оди во комбинација со секс.