Повеќето луѓе ширум светот се оптимисти и веруваат дека 2014 година ќе биде подобра од минатата, пренесуваат медиумите…

 dolari-pariИстражувањето на јавното мислење кое во 23 земји од светот од 4 до 18 декември на повеќе од 18 илјади возрасни лица го спровела агенцијата Ипсос, покажало дека луѓето веруваат дека глобалната економија ќе ојакне.

Дури 76 отсто од испитаниците веруваат дека оваа година ќе биде добра. 53 отсто веруваат дека глобалната економија ќе расте, а најоптимисти се Индијците, Кинезите и Индонезијците, додека напесимистички одговори дале Италијанците, Швеѓаните и Французите.

Извор: Sky.mk