
Постојат многу причини поради кои лимонот треба да има посебно место на вашата трпеза и со него да го збогатите секое јадење…
Лимонот содржи многу антиоксиданти, а благодарение на лимонската киселина, ги наутрализира отровните материи и нивното делување, го олеснува варењето и го забрзува разложувањето на мастите. Тој содржи висок процент на селен и витамин Ц, кои ја зголемуваат одбранбената моќ и го забавуваат стареењето, како и витамин Б неопходен за нервниот систем.
Наутро, испијте чаша сок од лимон, веднаш откако ќе се разбудите, бидејќи тоа е најефикасниот метод за спречување на настинки и грип, а претставува и добар борец против дебелината. Овој сок, воедно, ќе ви го поправи и расположението, така што ќе излезете насмеани од дома. Како идеален зачин за салатите, лимонот ќе ви помогне да направите разни сосови со совршен мирис и вкус. Во јадењата од месо и риба, лимонот исто така, игра важна улога. Со додавањето лимон, јадењата стануваат полесни за варење, а специјалитетите на скара со помош на лимонот добиваат несекојдневен пријатен вкус. Сокот од лимон се додава и на овошните салати, бидејќи покрај добриот вкус и мирис, не му дозволува на останатото овошје да потемне. Не заборавајте дека лимонот секогаш се цеди во сервирани јадења за да не ги изгуби витамините и минералите, чувствителни на воздух и светлина.
Имајте на ум дека не треба да ја фрлате кората од лимонот, затоа што таа е извор на важни состојки, какао флавоноиди и есенцијални масла. Флавоноидите ги јакнат крвните садови и ја олеснуваат размената на кислород во организмот, додека есенцијалните масла, како што е лимонин, имаат антисептички карактеристики.
Еве и неколку практични совети кои ќе ви помогнат да ги искористите сите здрави материи од лимонот. За да добиете повеќе сок од лимонот, потопете го неколку минути во топла вода, благо истријте го меѓу дланките, а потоа исцедете го. Лимонот често се користи и како помош за помалку проблеми во кујната.
Пред приготвувањето на рибата, потопете ја во сок од лимон, на тој начин ќе остане цела и нема да се распадне. Тестото за слатки ќе биде поубаво ако му додадете една лажичка лимонов сок, како и на белките, така што шлагот ќе биде поцврст. Ако сте чистеле лук или риба, за да го отстраните непријатниот мирис, рацете истријте ги со лимон.
Извор: Plusinfo.mk