
Шестата емисија на ова музичко натпреварување недостигаше, а на нејзино место беше емитуван специјал.
Од ова започнаа да се шират разни гласини за тоа што продукцијата планира со самото шоу. Всушност, како што тврди нивниот извор, постојат сомнежи дека Икс-Фактор ќе згасне.
Како што се наведува во текстот, комбинацијата од недостиг на финансии и проблеми со лиценцата продукцијата ја доведоа во незавидна ситуација во која се размислува за иднината на ова шоу.
Наводно, публиката ќе има прилика да гледа уште само две емисии, а финалето е закажно за 24 март.
Продукцијата се уште не се огласи за овие информации, со што не е познато дали се шпекулации или постои реална шанса ова шоу да биде завршено многу порано откако што е планирано.
Извор: Think.mk