
Мобилните телефони стануваат дел од нашето секојдневие, но дали знаете каде има најголем број на корисници на мобилни телефони во светот? Доколку рековте САД, не сте во право…
Според информациите и предвидувањата за 2014-та година, Кина претставува најголемиот пазар за мобилни телефони во светот, а статистиките велат дека само ќе расте во текот на оваа година. Предвидувањата се дека ќе бидат продадени над 400 милиони паметни телефони во оваа земја само во 2014-та година.
Аналитичарот на Gartner, Lu Jun, предвидува дека вкупно ќе бидат продадени околу 443 милиони телефони во Кина оваа година, од кои дури 90% ќе бидат паметни телефони. Jun предвидува дека пазарот ќе расте за 10-20% секоја година, што значи дека за неколку години двојно ќе ги надмине повеќето земји.
Samsung и MIUI добро котираат во Кина, а се очекува поагресивна тактика од страна на Apple, HTC и LG.
Извор: GSM.mk