
Извештајот ќе биде доставен до Обвинителството кое ќе утврдува дали има поединечна или колективна одговорност…
Комисијата која врши нова истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски ја заврши работата и деталите се очекува да бидат соопштени во Скопје, непосредно пред одбележувањето на 10-годишнината од несреќата, објави МТВ.Со симулација на автентичен лет на релација Скопје – Мостар, истражителите утврдиле отстапување од процедурите за летање, а проблеми лоцирале и во инструментите за навигација.
– Истрагата е завршена. Во тек се последните технички формалности. Најдоцна за еден месец, тимот истражители ќе дојде во Скопје и на јавноста ќе и ги презентира фактите, изјави претседателот на Комисијата, Омер Кулиќ за МРТ.
Извештајот ќе биде доставен до Обвинителството кое ќе утврдува дали има поединечна или колективна одговорност.