
Македонија е на 49 – тото место по социјален напредок и усови за живот на своите граѓани, покажува испитувањето на Social Progress Imperative во кое се опфатени 132 земји од целиот свет…
Земјава според критериумите за рангирање има подобри услови за живот од оние во Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Романија, додека многу полоши отколку во Србија, Албанија и Бугарија.
Според анализата, Нов Зеланд е земја која има најголем социјален напредок и им нуди најдобри услови за живот на своите граѓани. Меѓу 10-те најдобри земји за живаање се и: Швајцарија, Ирска, Холандија, Норвешка, Шведска ,Канада, Финска Данска и Австралија.
Од балканските земји најдобро е позиционирана Словенија која е на 18 место во групата со Австрија, Германија , САД Велика Британија, Франција…
Најлошо е да се живее во Чад, Централната Африканска Република и Бурунди кои се на последните три места на листата.
Индексот за социјален напредок мери 50 различни критериуми меѓу кои достапност до образование, квалитет на живот, достапност до храна и медицинска заштита, пристап до питка вода, хигиена, чиста животна средина, загаденост на воздухот, но и толеранција, почитување на основни права и на правото на избор.
Извор: Plusinfo.mk