Современиот живот едноставно не може да се замисли без мобилните телефони, најомилените играчки на целата популација. Сè повеќе луѓе ги користат мобилните во разни ситуации, на море, базен, во тоалетот…

Но, поради тешката разделба од мобилниот, дури и кога сме во тоалетот, честопати се случуваат непријатни ситуации, едноставно, телефонот случајно паѓа во вода. Но, не очајувајте, доколку тоа ви се случи и вам, има решение.

Ако имате каков било телефон, освен ајфон и андроид, можете да го спасите по средбата со водата така што ќе ги следите следниве чекори.

Не смеете да го вклучувате. Доколку телефонот се исклучи откако паднал во вода, немојте повторно да го вклучувате. Извадете ја батеријата и картичкaта, откако ќе го извадите телефонот од водата.

Следниот чекор кој треба да го преземете е да го исушите. Доколку на фенот има опција за студено дување, тогаш со него малку продувајте го телефонот, но никако со топол или врел воздух. Ако немате фен, со хартиено марамче избришете ја неговата површина.

Во сад малку поголем од вашиот мобилен, ставете бел неварен ориз и во него потопете ги телефонот и батеријата, така што ќе бидат целосно покриени со оризот од сите страни. Нека телефонот отстои од 24 до 48 часа во оризот, кој ќе ја впие сета влага од него. По 24 часовното чекање оризот да ја впие влагата од телефонот, време е за моментот на вистината. Вклучете го телефонот и со среќа!