
Еволуцијата во текот на илјадници години ги менувала нашето лице и тело, а тоа, секако, и понатаму се случува…
Погледнете како стручњаците за анатомија го гледаат човекот по 1.000 години.
Ќе бидеме повисоки поради подобрената исхрана и медицинската наука, а во прилог на тоа оди фактот дека просечен Американец е повисок за 2,5 сантиметри во однос на височината од 1960 година.
Нашиот желудник ќе се намали за да не консумираме премногу шеќер и масти – природен начин на кој телото избегнува дебелеење.
Доколку женската плодност продолжи да се намалува, мажите ќе имаат помали тестиси. Екстремитетите (рацете и нозете), кои најмногу ги користиме, исто така, ќе се променат. Рацете и прстите ќе станат подолги, а бројот на нервни завршетоци во рацете и во прстите ќе порасне поради зголемената употреба на апаратите како што се мобилните телефони, кои бараат попрецизна координација.
Ќе имаме помали мозоци, најверојатно поради тоа што повеќето информации ќе бидат сместени во компјутерите и во мобилните телефони.
Луѓето ќе имаат помал број заби, бидејќи ќе биде потребно мошне помалку џвакање на меката храна.
Стручњаците предвидуваат дека храната во иднина ќе биде консумирана во вид на таблети или течност.
Ќе имаме двојна брада, бидејќи нашите тела се дизајнирани така што јадеме помалку, а трошиме повеќе енергија, а тоа е неизводливо во модерниот свет.
Сите ќе имаме идентични носеви, бидејќи природата има сѐ помалку влијание на широчината на ноздрите благодарение на централното греење и климата.
Централното греење и топлата облека, исто така, ќе предизвикуваат и помалку влакна на телото на луѓето, но ќе имаме и повеќе брчки поради константното гледање во електронските апарати.
Извор: Plusinfo.mk