
Истражувањето покажа дека жените со повисок степен на образование, како и повисока интелигенција се помалку успешни во креветот од жените со поскромна интелигенција и ниво на образование…
Едно интересно истражување покажа уште една врска помеѓу интелигенцијата и сексуалноста, а не е баш премногу ласкава за интелигентните жени.
Врз основа на образец од жени на возраст од 45 до 75 години заклучено е дека жените со повисок степен на образование и повисок коефициент на интелигенција имаат помалку успех во сексуалните активности, а токму тие две карактеристики се наведуваат како „хендикеп“.
Покрај помалата сексуална желба, кај испитаничките со повисоко IQ било помало и задоволството во сексуалните односи. Без разлика на тоа што добата на испитаниците на прв поглед е главната причина за тоа, подолгиот живот и поголемата активност во старите години во Европа и Америка не ја намалуваат желбата за секс, и покрај сите стереотипи кои владеат.
Сепак, баш интелигенцијата е означена како најголем проблем бидејќи жените со поголемо IQ имаат тенденција за постојано проценување и размислување за деталите, што во сексот повеќе им одмага отколку што им помага.
Па, кога ќе се најдете во кревет, отфрлете ги од себе цивилизациските товари и препуштете се на страстите, мозокот нека се забавува друг пат.