
Им изгореа куќите но, БОГАТИТЕ ОД ЛОС АНЃЕЛЕС СЕ ПОГРИЖИЈА ЗА СКАПИТЕ АВТОМОБИЛИ
Повеќе од 12.000 објекти, меѓу кои и скапоцени куќи на американските филмски звезди и бизнисмени изгореа во Лос Анѓелес. Но, што стана со нивните скапоцени автомобили?
На јавен паркинг се најдоа Mercedes 190 SL, Ferrari F430, Ford Mustang, па дури и неверојатно скапиот Mercedes 300SL Gullwing.
Некој би помислил дека тоа е изложба или гости во луксузен ресторан. Сепак, ова е јавен паркинг на Мекдоналдс во Калабасас, Калифорнија.
Сопственикот на овие автомобили решил своите вредни четири тркала да ги остави на отворено и во исто време да ги стави на безбедно место, барем кога станува збор за пожар. За почеток, јавниот паркинг на синџирот за брза храна беше одличен избор.
Сепак, со оглед на тоа дека се работи за необезбеден паркинг, иако пристапните патишта се покриени со камери, многумина коментираат дека овие автомобили сигурно нема долго да останат таму.
Или сопственикот брзо ќе ги отстрани, или некој друг ќе ги „отстрани“ на своја сметка.
Сопственикот на автомобилот добро се снајде бидејќи паркингот е одделен од огнените патишта со асфалтна „бариера“, што го прави многу побезбедно место во споредба со дворовите и гаражите опкружени со дрвја и друга вегетација.